62
МК
За дисковите за чистење, чистачите
на дискови/леќи
• Не користете дискови за чистење или чистачи за
дискови/леќи (вклучувајќи влажни или видови
на спреј). Тие може да предизвикаат дефект
на уредот.
За заменување на делови
• Во случај овој систем да се поправа, поправените
делови може да се собираат за повторна употреба
или за рециклирање.
За бојата на телевизорот
• Ако звучниците предизвикаат ТВ-екранот да
има неправилности во бојата, исклучете го
телевизорот и потоа вклучете го по 15 до
30 минути. Ако неправилноста на бојата
е истрајна, поставете ги звучниците
подалеку од ТВ.
За поместување на системот
• Пред да го поместите системот, обезбедете да
нема вметнат диск и извадете го кабелот за
напојување со наизменична струја (довод
на струја) од ѕидниот штекер (за струја).
Забелешки за дисковите
За ракување со дисковите
• За да го одржите дискот чист, држете го
дискот за неговите краеви. Не допирајте
ја површината.
• Не лепете хартија или леплива лента
на дискот.
• Не изложувајте го дискот на директна
сончева светлина или на топлотни извори
како што се каналите за топол воздух или
не оставајте го во автомобил паркиран
на директна сончева светлина бидејќи
температурата во автомобилот може
значително да се зголеми.
• По репродуцирањето, ставете го дискот во
неговото пакување.
За чистење
• Пред репродуцирање, исчистете го дискот
со материјал за чистење.
Бришете го дискот од центарот кон надвор.
• Не користете растворувачи како што
е бензин, разредувач, комерцијално
достапни средства за чистење или
антистатичен спреј наменет за винил LP.
Овој систем може да репродуцира само
стандарден кружен диск. Користењето на
дискови коишто не се ниту стандардни ниту
кружни (пр. во форма на картичка, срце
или ѕвезда) може да предизвика дефект.
Не користете диск кој има прикачен
комерцијално достапен додаток, како
што е етикета или прстен.
ВАЖНА ЗАБЕЛЕШКА
Внимание: Овој систем може бесконечно
да задржи видео слика на пауза или слика
на екранот на вашиот телевизор. Ако видео
сликата на пауза или сликата на екранот ја
оставите прикажана на вашиот ТВ подолг
период на време ризикувате трајно оштетување
на телевизискиот екран. Проектните телевизии
се особено подложни на ова.
Comments to this Manuals