Sony STR-DN1020 User Manual Page 118

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 140
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 117
118
MK
Претпазливост
За безбедност
Ако цврст објект или течност паднат
во кутијата, исклучете го приемникот
и нека го провери обучено лице пред да
продолжите со работа.
За струјни извори
Пред да управувате со приемникот,
проверете дали работниот напон е ист
како и вашето локално снабдување.
Работниот напон е назначен на плочата
со името на задната страна на
приемникот.
Единицата не е исклучена од AC
струјниот извор (приклучокот) сè додека
е поврзан во ѕидниот штекер, дури и ако
самата единица е исклучена.
Ако не планирате подолго време да го
користите приемникот, осигурете се дека
сте го исклучиле приемникот од ѕидниот
штекер. За да го исклучите AC кабелот
за струја (главен вод), фатете го самиот
приклучок; никогаш не тегнете го
кабелот.
(само модели во САД и Канада)
Едната лопатка на приклучокот
е поширока од другата поради безбедност
и само на еден начин соодветствува на
ѕидниот штекер. Ако не можете целосно
да го внесете приклучокот во штекерот,
контактирајте со вашиот продавач.
AC кабелот за струја (главен вод) мора
да се заменува само во квалификувана
сервисна продавница.
За загревање
Иако приемникот се загрева за време
на работата, ова не претставува дефект.
Ако постојано многу го користите овој
приемник, температурата на кутијата на
врвот, од страните и на дното значително
се зголемува. За да не се изгорите, не ја
допирајте кутијата.
За поставувањето
Поставете го приемникот на локација
со соодветна вентилација за да спречите
загревање и за да го продолжите животот
на приемникот.
Не го поставувајте приемникот во
близина на топлотни извори или на
место кое е на директна сончева
светлина, има прекумерна прашина
или механички шок.
Врз кутијата не поставувајте ништо
што може да ги блокира отворите за
вентилација и да предизвика дефект.
Не го поставувајте приемникот во
близина на опрема како што е TV, VCR
или магнетофон. (Ако приемникот се
користи во комбинација со TV, VCR
или магнетофон и поставен е премногу
блиску до таа опрема, може да се појави
шум и квалитетот на сликата ќе трпи.
Ова особено е веројатно кога се користи
домашна антена (воздушна). Затоа
препорачуваме да се користи надворешна
антена (воздушна).)
Внимавајте кога го поставувате
приемникот на површини кои се посебно
обработени (со восок, масло, средство за
полирање итн.) бидејќи како резултат
може да предизвикате дамки или
обезбојување на површината.
За оперативноста
Пред да поврзете друга опрема, осигурете
се дека сте го изгаснале и исклучиле
приемникот.
Дополнителни информации
Page view 117
1 2 ... 113 114 115 116 117 118 119 120 121 122 123 ... 139 140

Comments to this Manuals

No comments