Sony BDV-EF1100 User Manual Page 3

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 78
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 2
3
МК
Фрлање на потрошени
батерии (применливо
во Европската Унија
иво други европски
земји со засебни
собирни системи)
Овој симбол на батеријата
или на
амбалажата покажува дека со батеријата
којашто е дадена со овој производ не треба
да се постапува како со домашен отпад.
Кај определени батерии овој симбол може
да се користи во комбинација со хемиски
симбол. Хемиските симболи за жива (Hg)
или олово (Pb) се додаваат ако батеријата
содржи повеќе од 0,0005% жива или 0,004%
олово.
Со правилно отстранување на овие батерии
ќе помогнете да се спречат потенцијално
негативни последици за природата
и здравјето на човекот, кои инаку може
да се предизвикаат со несоодветно
постапување со отпадот на батеријата.
Рециклирањето на материјалите ќе помогне
за заштита на природните богатства.
Во случај на производи кои од безбедносни
причини, поради изведба или интегритет
на податоци имаат потреба од трајна
поврзаност со вметната батерија, оваа
батерија треба да ја замени само
квалификуван персонал.
За да бидете сигурни дека со батеријата
ќе се постапи соодветно, предадете го
потрошениот производ на применливото
збирно место за рециклирање на
електрична и електронска опрема.
За сите други батерии, погледнете го
делот за тоа како безбедно да се отстрани
батеријата од производот. Батеријата
предадете ја на применливото збирно
место за рециклирање на отпадни батерии.
За подетални информации за
рециклирањето на овој производ или
батеријата, контактирајте со вашата
локална месна заедница, вашиот сервис
за отстранување на домашен отпад или
со продавницата каде што го купивте
овој производ.
Напомена за потрошувачите: следните
информации се применливи само за
опремата продадена во земјите што
ги применуваат директивите на ЕУ.
Овој производ е произведен од или во име
на Sony Corporation, 1-7-1 Konan Minato-ku
Tokyo, 108-0075 Japan. Прашања поврзани
со компатибилностa на производот со
законодавството на Европската Унија
треба да бидат упатени до овластениот
претставник, Sony Deutschland GmbH,
Hedelfinger Strasse 61, 70327 Stuttgart,
Germany. Ве молиме обратете се на
адресите дадени во посебните документи
за услуги или гаранција за какви било
прашања со услугата или гаранцијата.
Со ова, Sony Corp., изјавува дека оваа
опрема е во согласност со суштинските
барања и другите важни одредби од
Директивата 1999/5/EC.
За детали, посетете ја следната веб-адреса:
http://www.compliance.sony.de/
Мерки за претпазливост
Оваа опрема е тестирана со кабел за
поврзување пократок од 3 метри при
што е утврдено дека е усогласена со
ограничувањата поставени во Директивата
EMC. (Само за моделите за Европа.)
За изворите за напојување со ел.
енергија
Уредот не е исклучен од главниот довод
сè додека е поврзан во приклучокот со
наизменична струја, дури и ако самиот
уред е исклучен.
Бидејќи главниот приклучок се користи
за да се исклучи делот од главните водови,
поврзете го делот со лесно достапен AC
штекер. Ако забележите абнормалности
во делот, веднаш исклучете го главниот
приклучок од AC штекерот.
Само за
Европа
Page view 2
1 2 3 4 5 6 7 8 ... 77 78

Comments to this Manuals

No comments