34
MK
• Дигиталните аудио сигнали пренесени со
HDMI може да се изведат од звучниците.
Овој сигнал поддржува Dolby Digital,
DTS, DSD и линеарен PCM. За детали,
погледнете „Дигитални аудио формати
поддржани од ресиверот“ (страница 20).
• Аналогните видео сигнали кои влегуваат
во приклучокот VIDEO или
приклучоците COMPONENT VIDEO
може да бидат произнесени како HDMI-
сигнали. Аудио сигналите не излегуваат
од приклучоците HDMI OUT додека
сликата се конвертира.
• Но, аналогните видео сигнали
кои влегуваат, не можат да бидат
репродуцирани преку приклучоците
HDMI OUT во зона 2.
• Овој ресивер поддржува High Bitrate
Audio (DTS-HD Master Audio, Dolby
TrueHD), Deep Color, „x.v.Color“ и 3D
или 4K-преноси.
• HDMI приклучоците на ресиверот
ја подржуваат функцијата „Control for
HDMI“. Но, HDMI OUT B приклучокот
и HDMI ZONE 2 OUT приклучоците, не
ја поддржуваат функцијата „Control for
HDMI“.
• За да уживате во 3D слики, поврзете
3D-компатибилна ТВ и видео опрема
(Blu-ray Disc плеер, Blu-ray Disc снимач,
PlayStation 3 итн.) со ресиверот
користејќи High Speed HDMI кабли,
ставете 3D очила, а потоа репродуцирајте
3D-компатибилна содржина.
• Ресиверот е компатибилен со 4K
сигнален излез преку HDMI излезните
приклучоци. Аналогните влезни сигнали
може да бидат подобрени до 4K. Влезните
4K-сигнали преку HDMI IN 1/IN 2 на
задната и 4K на предната од 4K-
компатибилен плеер се репродуцираат
како да се сигнали. За да уживате во
4K слики, поврзете 4K компатибилен
телевизор или проектор на HDMI
излезните приклучоци.
• Можете да гледате HDMI IN 1/IN 2/IN 3/
IN 4 влез во слика-во-слика прозорците
за преглед.
Забелешки за поврзување на
кабли
• Користете High Speed HDMI кабел.
Ако користите Standard HDMI кабел, 4K,
1080p, Deep Color или 3D сликите може
да не се прикажуваат добро.
• Sony препорачува да користите HDMI-
одобрен кабел или Sony HDMI кабел.
Забелешки за користење на
HDMI-DVI кабел за конверзија
Не препорачуваме користење на HDMI-
DVI кабел за конверзија. Кога ќе поврзете
HDMI-DVI кабел за конверзија на DVI-D
уред, звукот и/или сликата може да се
изгубат. Поврзете одделни аудио или
дигитални кабли за поврзување, потоа
поставете ги „Video Input Assign“ и „Audio
Input Assign“ во менито Input Settings
доколку звукот не излегува правилно.
HDMI карактеристики
Comments to this Manuals