Sony DVP-SR160 User Manual Page 10

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 12
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 9
10
Репродукцијата на папки со сложена
хиерархија може да потрае. Создавајте
албуми со најмногу две хиерархии.
Некои датотеки со видео, фотографии
и музика може да не се репродуцираат
во зависност од условот за кодирање/
снимање.
Започнувањето со репродукција
и продолжувањето кон следните или
други албум/датотека може да потрае.
Плеерот ќе препознае максимум од
200 албуми и 600 датотеки. Може да
препознае до 300 датотеки со музика
и 200 датотеки со фотографии кога
е избрано „PHOTO (MUSIC)“.
Плеерот може да не репродуцира
комбинација од две или повеќе датотеки
со видео.
Плеерот нема да репродуцира датотека
со видео поголема од 720 (ширина)
× 576 (висина)/2 GB.
Репродукцијата нема да биде
рамномерна во зависност од датотеката.
Ви препорачуваме да создадете датотека
со помала бит-стапка.
Плеерот може да не репродуцира
рамномерно датотека со голема бит-
стапка на DATA CD. Ви препорачуваме
да репродуцирате користејќи DATA
DVD.
Ќе се слуша само звукот при
репродукција на визуелни податоци што
не се поддржани во MPEG-4-формат.
Забелешка за медиуми што може да се
снимаат
Некои медиуми што може да се снимаат,
не може да се репродуцираат на овој плеер
заради квалитетот на снимката или
физичката состојба на дискот или заради
карактеристиките на уредот за снимање
и софтверот за авторизација. Дискот нема
да се репродуцира ако не е правилно
финализиран. И некои дискови со
ПОДАТОЦИ создадени во формат
Packet Write нема да се репродуцираат.
За плеер што не репродуцира слики коишто
содржат само заштита од копирање
Сликите во режим за DVD-VR со CPRM-
заштита (Заштита на содржината за
медиуми на коишто може да се снима)
нема да се репродуцираат.
Забелешка за ракување со репродукцијата
на DVD и VIDEO CD
Некои операции за репродукција на
DVD и VIDEO CD може да се намерно
поставени од производителите на софтвер.
Бидејќи плеерот репродуцира DVD
и VIDEO CD според содржината на дискот
којашто ја дизајнирале производителите
на софтверот, некои одлики за
репродукцијата нема да бидат достапни.
Погледнете и во упатството за работа што
се доставува со DVD или VIDEO CD.
Забелешка за дисковите
Овој уред е дизајниран да репродуцира
дискови кои се усогласени со стандардот
за компактен диск (CD). Двојните дискови
и некои музички дискови што се кодирани
со технологиите за заштита на авторските
права не соодветствуваат со стандардот
Компактен диск (CD). Затоа, овие дискови
може да не се компатибилни со овој уред.
Спецификации
Систем
Ласер: Ласер од полупроводник
Влезови/излези
DIGITAL OUT (COAXIAL): Фоно-
приклучок
LINE (RGB)-TV: 21 pin
USB (DVP-SR360 само): Приклучок за
USB од типот А, максимално напојување
500 mA (за поврзување USB-уред)
Општо
Побарувања за напојување: 220-240 V
AC, 50/60 Hz
Потрошувачка на струја:
6 W (DVP-SR160)
10 W (DVP-SR360)
Димензии (приближно): 270 × 38,5
× 209 мм (ширина/висина/длабочина)
вклучително и испакнатите делови
Маса (приближно): 950 g
Работна температура: 5 °C до 35 °C
Работна влажност: 25% до 80%
Доставена дополнителна опрема
Далечински управувач (далечински) (1)
Батерии R6 (големина AA) (2)
Спецификациите и дизајнот подлежат на
промена без известување.
Page view 9
1 2 ... 5 6 7 8 9 10 11 12

Comments to this Manuals

No comments